Нема доволно пари, нема доволно персонал, нема добра храна и соодветна лекарска грижа, но нема ниту тортура, ова се заклучоците на анкетната собраниска комисија која засилена со невладини претставници извршила визита на три затвори во државата, пренесува Телма. Омбудсманот ги демантираше, им порача дека корупцијата во затворите е раширена, а заменичката Васка Бајрамовска рече дека има тортура, но се случува на скришни места, а на затворените им е страв да пријават.
Не тепаат со бугарска гумена палка, на места каде нема камери или во трпезарија, ова било поплаката на повеќе малолетници, штитеници на охридскиот затвор., која ја упатиле на претставници на омбудсманот.