Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Малолетници пиеле алкохол во локал во Карпош, еден завршил на токсикологија: Уапсени осум лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 46 минути -

Скопје
media-libraryson3j741kl6g4HIeujs

Осум лица биле приведени во Полициската станица Карпош по полициска контрола во угостителски објект во оваа скопска општина, каде што биле затекнати малолетници во видно алкохолизирана состојба.

— реклама —

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, контролата била извршена вчера (1 ноември), по претходно добиени сознанија дека во објектот се точат алкохолни пијалаци на малолетни лица.

— реклама —

При проверката, полициските службеници од СВР Скопје, ЕВР – ОКР Карпош, затекнале малолетници во видно алкохолизирана состојба. Осум лица биле приведени во полициската станица, а алкотестирањето покажало присуство на алкохол во организмот кај сите нив.

— реклама —

Едно од лицата присутни во угостителскиот објект било пренесено на Клиниката за токсикологија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што му била укажана лекарска помош.

Од МВР посочуваат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок согласно член 204 од Кривичниот законик, кој се однесува на „Точење алкохолни пијалаци на малолетници“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk5himr30995mdGsvcm8

13 лица приведени во пет градови, полицијата заплени марихуана, прашкасти материи и таблети

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
izletal-od-pat

„Мерцедес“ излетал од автопатот кај Трубарево и завршил во двор на куќа, двајца тешко повредени

Скопје | пред 23 часа

pistol

Го оставил незаклучено товарното возило во Чаир, па му го украле пиштолот

Скопје | пред 23 часа

media-libraryidp924v7036ad0oOuSa

Го оставила кучето без надзор на улица, тоа каснало жена – кривична за 35-годишна кратовчанка

Македонија | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања