Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Малолетник фотографирал во избирачка просторија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 години -

Македонија

Во СВР Скопје било пријавено дека на гласачко место во селото Визбегово, семејство дошло на гласање со малолетниот син кој фотографирал во просторијата.

— реклама —

Жител од селото Брвеница пријавил дека кога одел на гласање со неговата сопруга, од страна на В.С. му биле упатувани навредливи зборови. Во кординација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.

— реклама —

Во СВР Тетово пријавено е дека во близина на училиштето "Гоце Делчев" во Тетово повеќе лица вршеле снимање и фотографирање на гласачи. Во ОУ „Братство" во Скопје Б.С. заменик член на избирачкиот одбор, омаловажувал полициски службеник.

— реклама —

Во СВР Струмица било пријавено дека во близина на училиштето „Кирил и Методиј" во радовишко село Ораовица, пронајдени се летоци со содржина поврзана со референдумот.

Во дворот на основното училиште „Живко Брајковски“ во Скопје, З.Ј.(42), кој имал беџ на наблудувач и Г.Ж.(38), го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебно карање, викање и непристојно однесување. По преземени мерки, двајцата биле приведени во ПС Чаир и се работи на расчистување на случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања