17-години има детето кое го прегази и усмрти дедото во скопски Бутел. Нему му е изречен притвор, откако обвинителот успеал да го убеди судијата дека постои можност детето да се даде во бегство, дознава „Скопје1“. Главната причина поради која судијата се одлучил да ја изрече најстрогата мерка за обезбедување на присуство е што се сомневал дека детето може да го повтори делото, односно да го земе автомобилот, да го управува и повторно да го загрози сообраќајот. Поради ова не било дозволено да му се изрече поблага мерка.
Според решението на Кривичниот суд, малолетникот ќе остане во притвор до крајот на февруари. До тогаш, обвинителот ќе треба да ја заврши истрагата и да покрене обвинение. Возачот се товари за тешки дела против безбедноста во сообраќајот со смртни последици. Неофицијално, тој немал возачка дозвола со која би го управувал возилото.
Несреќата се случила вчера во Чаир, на крстосницата од улиците „Кемал Сејфула“, „Александар Урдаревски“ и „Босна и Херцеговина“. Мажот загинал на самото место, а лекар од итна медицинска помош констатирал смрт. Возачот бил пренесен во градската општа болница „8 септември“, каде му биле констатирани телесни повреди.