Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Малолетник од Боговиње случајно застрелал 15-годишник во стомакот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 51 минута -

Македонија
media-libraryh00542jtboe03EHRGhN
фото: unsplash

Петнаесетгодишно момче од тетовското село Боговиње било донесено во Клиничкиот центар во Тетово со прострелна рана во пределот на стомакот, откако од пиштол бил испукан куршум во селото, информира Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Според информациите од МВР, на 24 октомври 2026 година, во 14:10 часот, во СВР Тетово било пријавено дека малолетникот бил донесен во болницата со прострелна рана.

— реклама —

Подоцна, во Полициската станица Тетово се пријавиле С.М. (42) и неговиот 16-годишен син, двајцата жители на Боговиње. Тие предале пиштол со една празна рамка.

Според изјавата на 42-годишникот, настанот се случил околу 13:45 часот во Боговиње, кога, како што навел, од невнимание дошло до испукување на еден куршум од пиштолот што го носел неговиот малолетен син.

— реклама —

На местото бил извршен увид во присуство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово и претставници на Центарот за социјална работа Тетово.

Од МВР информираат дека малолетникот е задржан за понатамошна постапка и дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjh6m9r832b991pMa41k

Несреќа при земјоделски работи кај Прилеп: Жена била повлечена од механизам приклучен на трактор

Македонија | пред 46 минути

— реклама —
media-librarylcdeie1nugq99RKDHRd

Пожар на градилиште во Скопје, гореле импровизиран објект и контролна табла за кран

Скопје | пред 48 минути

media-libraryo1rmu63iposg6MNYk97

Пример за чесност: Млад делчевец пронашол лични документи и над 200.000 денари во пари, па ги предал во полиција

Македонија | пред 1 час

media-libraryelnsls13q2tubid3wIc

Со 1,45 промили алкохол удрил во мотоциклист во Марвинци, 57-годишник тешко повреден

Македонија | пред 1 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања