На 30.12.2023 во 13.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово - с.Jажинце, кај влезот за с.Глоѓи, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат” со германски национални ознаки, управувано од М.Ш.(28) од с.Пирок, тетовско и патничко возило „фолксваген туарег" со тетовски регистарски ознаки, управувано од малолетник од село Доброште, тетовско.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, а со телесни повреди се здобил М.Ш., констатирани во Клиничка болница Тетово“, велат од МВР.
По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа на СВР Тетово.