Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Малолетник во Белград уапсен со снајпер, пет гранати и над 107 килограми дрога

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 37 минути -

Балкан
policija-srbija

Снајперска пушка со придушувач, пет рачни гранати и повеќе од 107 килограми дрога биле пронајдени при полициски претрес во мотел во Белград, по што е уапсен 17-годишник од околината на Петровац, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.

— реклама —

Акцијата ја спровеле припадници на полицијата од Нови Сад во соработка со Вишото јавно обвинителство во Пожаревац. При претресот на просториите што ги користел малолетникот биле пронајдени околу 100 килограми марихуана, 3,5 килограми кокаин и околу четири килограми хероин, како и две дигитални ваги.

— реклама —
— реклама —

Седумнаесетгодишникот е осомничен за неовластено производство и дистрибуција на наркотични дроги, како и за нелегално производство, поседување, носење и продажба на оружје и експлозивни материјали.

— реклама —

По апсењето бил изведен пред малолетнички судија во Вишиот суд во Пожаревац. Во соопштението на српското МВР не се наведува за кого била наменета дрогата, ниту од каде потекнува оружјето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarylh9n83eane2o4ZccMgW

Судот во Белград одреди 30-дневен притвор за директорката на „Алта груп“, благајничката ќе биде под домашен надзор

Балкан | пред 4 часа

— реклама —
media-librarylh9n83eane2o4ZccMgW

Уште тројца уапсени за аферата со „Алта Банка“ Србија

Балкан | пред 15 часа

media-librarya4q0k1s04tav09fyuYY

Судот во Белград му одреди притвор до 30 дена на уредникот на „Информер“

Балкан | пред 15 часа

media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Во Белград уапсен еден од водачите на навивачката група на Црвена звезда

Балкан | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања