Промени тема
Контакт

Манасиевски: Барањата на Трендафилов имаат политичка позадина, зад неговото раководење со ССМ стојат СДС и Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-librarypuaqn97gm19h0BRFutS

Неодговорно е однесувањето на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, кој вчера објави пост на социјалните мрежи со фотографија, на која вели дека чека претставник на Владата да дојде во просториите на ССМ за да се потпише зголемувањето на платите, а истовремено веќе бил закажан состанокот на Владата со гранковиот синдикат УПОЗ за истата намена, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

„Со ова почитувани граѓани се потврдуваат сите наши тези дека барањата на Трендафилов имаат политичка позадина и дека зад неговото раководење со ССМ, стојат СДС и Левица. Ова не е ништо повеќе од обичен театар наменет за јавноста, во која жртвата е Слободан Трендафилов а виновникот власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

На Трендафилов никогаш не му ни било до зголемување на платите, туку до наштетување на моменталната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и водење политика иста со онаа која ја води СДС и Левица. Се поставува прашањето, дали барањата на Трендафилов и ССМ, ги пишуваат СДС и Левица.

Трендафилов ниту еднаш не кажа ништо за зголемувањето на платите и новите колективни договори во образованието, здравството, полицијата, одбраната, социјалата и другите сектори. Но, за волја на вистината не кажа ништо и кога инфлацијата беше двоцифрено во времето на СДС и на ДУИ, не кажа ништо за ценовните шокови, не кажа ништо за зголемувањето на сметките за струја за над 50% и молчеше кога платите во неколку институции во државата доцнеа со месеци.

— реклама —

Да потсетиме и дека се потпишувале разни колективни договори во разни државни институции и сектори, без одобрение од министерството за финансии. Или во превод, СДС и ССМ си потпишувале договори, без да имаат претходно одобрено средства, што е спротивно на условите за потпишување на колективен договор.

— реклама —

Ова лицемерие на Трендафилов и ССМ покажува дека соработуваат со СДС и Левица против власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ. За среќа, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не бега од дијалог, туку инсистира истиот да биде сериозен, суштински и насочен кон резултати“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryktns2p23d9veeNqs2AO

(Видео) Манасиевски: За кубење коса 4 години, за 150 ќебапи 3 години, а за Ласкарци, Модуларна и Мазут, одговорност нема

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library06jemom7fgj18UtLpxf

(Видео) „Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ“, вели Манасиевски

Македонија | пред 3 дена

media-libraryhh1lcbl0a2blb00dPL3

Манасиевски по кривичната пријава од СДСМ: „Наместо одговор, решија да се занимаваат со тоа од каде сум ги добил информациите“

Македонија | пред 1 месец

media-librarydoq7fot8tn5haIZjFCA

(Видео) Манасиевски: Кога немаат идеи и резултати, во СДС произведуваат конфликти за да останат во центарот на вниманието

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања