Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Манасиевски: „До нас стигнаа информации дека Филипче има проблем со формирањето на тимот“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
manasievski

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денес на прес-конференција рече дека лидерот на СДС, Венко Филипче, дека по изборниот пораз не успева да формира ново партиско раководство.

— реклама —

„Измина една недела од изборниот дебакл на Филипче и СДС, со којшто партијата спадна на 120.000 гласови и стана трета политичка сила во Македонија, а петта во Скопје“, изјави Манасиевски, додавајќи дека, иако Филипче најавил реформи, досега ништо не е реализирано.

Според него, причина за тоа е што „никој не сака да му се нафати“ на Филипче и да прифати функција во новото раководство на СДС.

— реклама —

„До нас стигнаа информации дека Филипче има проблем со формирањето на тимот, бидејќи луѓе кои важеле за големи поддржувачи и активисти на СДС одбиваат да бидат дел од неговото раководство“, рече Манасиевски.

— реклама —

Тој праша дали дел од поранешните истакнати членови не сакаат да соработуваат со Филипче затоа што не го сметаат за свој претставник.

„Ова што му се случува на СДС не му го посакуваме никому. Партијата имаше историја, кредибилитет и квалитетен кадар, но Заев, Ковачевски и Филипче ја доведоа до колапс поради ароганцијата и предавствата што ги направија“, изјави Манасиевски.

Тој порача дека се потребни итни реформи во СДС и оставка на Венко Филипче. „На ВМРО-ДПМНЕ ѝ е потребна силна опозиција, а не партија без кредибилитет со Филипче на чело“, додаде Манасиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd12cvcl72ad37KjwVDn

Владата го одби амандманот на СДСМ за над една милијарда денари дополнителна поддршка за земјоделците

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-library5bl037kdm1f1bS9sQDN

СДСМ: Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а за Груевски?

Македонија | пред 17 часа

media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

„Левица не само што е руска партија туку и Македонија ја сака во БРИКС“, вели СДСМ

Македонија | пред 19 часа

media-librarynhterufv9d686KaULkj

Трајчулески до Мицкоски: Ќе се откажете ли од спојувањето на АНБ и Агенцијата за разузнавање?

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања