Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Манасиевски: Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза за Дубаи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-library4fh548ap27eqdHBEqUr

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, вчера јасни одговори од министерот за здравство, Венко Филипче, поради сомневањата околу неговата златна виза во Дубаи.

— реклама —

„Филипче потврди дека Заев гради 42-катница во Дубаи, но тврди дека не бил партнер во градбата. Поставувањето на ова прашање е очигледно: ако Филипче не е дел од проектот, како тогаш дошол до златна виза?“, истакна Манасиевски.

— реклама —

Тој го повика Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза, нагласувајќи дека, доколку навистина имал легитимна работа во Дубаи, нема причина да ги криe.

— реклама —

Манасиевски посочи и сведоштво на поранешниот соработник на Заев, Тома Аврамски, кој тврдел дека видел и 42-катницата на Заев и станови на Филипче во Дубаи. „Венко Филипче сè уште не одговори дали има стан во Дубаи и дали тоа е причината за добивање на златната виза. За потсетување, за златна виза во Дубаи е потребна инвестиција од минимум 500.000 долари“, рече Манасиевски.

— реклама —

Тој истакна дека Филипче треба да одговори како ги има обезбедено овие средства, бидејќи со плата од доктор и пратеник е невозможно да се достигне таква сума. „Филипче да не се крие. Лошото минато создадено од Заев и Филипче треба да остане во минатото“, заклучи Манасиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања