Промени тема
Контакт

Манасиевски: Филипче е фатен во голема лага, должен е да одговори колку пари има инвестирано во Дубаи за да добие златна виза?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-library46ida5lo4ic47Qxxgmv

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска побара јавен и јасен одговор од Венко Филипче за основата врз која ја добил т.н. златна виза за Дубаи, посочувајќи дека јавноста има право да знае дали станува збор за инвестиција, недвижност или бизнис вреден најмалку 500.000 долари.

Манасиевски нагласи дека за добивање златна виза во Дубаи е потребна значајна финансиска инвестиција и дека Филипче досега не одговорил дали поседува стан во Дубаи и дали токму тоа е основата за визата. Според него, наместо молк, потребни се конкретни факти и документи.

Тој се повика и на сведоштвото на Тома Аврамски, поранешен соработник на Зоран Заев, кој изјавил дека ја видел 42-катницата што ја гради Заев во Дубаи, како и становите на Заев и Филипче. Манасиевски истакна дека и на овие наводи Филипче не дал конкретен одговор.

— реклама —

Дополнително, според Манасиевски, Филипче потврдил дека Заев гради 42-катница во Дубаи, но негирал дека бил негов партнер, што, како што рече, дополнително го отвора прашањето како тогаш дошол до златна виза.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ го повикаа Филипче јавно да ги објави документите врз основа на кои ја добил визата, без разлика дали станува збор за професионален ангажман, работа во болница или друг вид договор. Манасиевски оцени дека доколку такви документи постојат, нивното презентирање не би било проблем.

„Филипче не покажува документи, иако вети, затоа што ги нема“, изјави Манасиевски, додавајќи дека, според ВМРО-ДПМНЕ, тој продолжува по стапките на својот ментор Зоран Заев и на приватен и на партиски план.

— реклама —

Манасиевски порача дека за овие прашања мора да има одговорност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryi43p1htfliq52rpr22A

СДСМ: Скопје остана без базен за пливачи, жичницата возела без сензори, ѓубре по градот и по брегот на Вардар - вака Ѓорѓиевски го води Скопје!

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
media-library7kafgtnue3t2a3bRHDL

СДСМ: Арамијата Мицкоски ја зголеми дупката во ПИОМ на 1 милијарда евра, пензиите ги доведе во ризик

Македонија | пред 8 часа

media-librarypeu1u1rdt5f5cn71SaP

„Одлуките на меѓународните судови мора да се почитуваат“, велат од СДСМ

Македонија | пред 9 часа

media-libraryl85o3cek89n79Kn961t

„Мицкоски ќе ја „држи“ цената на струјата со заем- сметката повторно ќе ја плаќаат граѓаните“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања