Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Манасиевски: Филипче соработува со луѓе кои го негираат македонскиот идентитет, за јазикот, идентитетот и историјата не смее да се преговара

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryph29v4j7n5sl4AKy2hG


Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски во гостување на МРТ Радио Скопје, упати критики кон лидерот на СДС, Венко Филипче, обвинувајќи го дека бара уставни измени без обезбедени гаранции и дека таквиот пристап е спротивен на националните интереси.

— реклама —

„Венко Филипче бара уставни измени без гаранции, затоа што тој смета дека доколку слугува на туѓи држави, на туѓи влади, дека така може да дојде на власт, а ние како ВМРО-ДПМНЕ внимателно ги следиме сите случаи, ние прво размислуваме, па потоа правиме чекори, а не како што тие претходно прават чекори без да размислуваат. Така се промени името, се направи оној договор со Бугарија и протоколите и така натаму. Сметам дека треба да се има национални црвени линии во овој  дел. Едноставно не треба да се преговара за јазикот, за културата, за идентитетот, за историјата. Нешто коешто ќе ве потсетам како партија опозициска ние и го изгласавме такви црвени линии во 2020 година, меѓутоа само за неколку месеци чинам тие црвени линии беа погазени токму од Социјалдемократскиот сојуз“, вели Манасиевски.

— реклама —
— реклама —

Манасиевски истакна дека претседателот на СДС, Венко Филипче соработува со лица и структури кои, според него, ги негираат македонскиот идентитет, јазик, култура и историја. Тој оцени дека станува збор за политички врски кои не само што се спротивни на националните интереси, туку и претставуваат закана за безбедноста на највисоките државни функционери.

— реклама —

„Луѓето коишто нас не негираат, коишто ни го негираат идентитетот, јазикот, културата, историјата, луѓето кои што директно ја загрозуваат безбедноста на претседателот на Владата на Република Македонија, со тие соработува претседателот на најголемата засега опозициска партија во Македонија, а тоа е Венко Филипче“, дециден е Манасиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 11 минута

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања