Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Манасиевски: И покрај сите пофалби и признанија на функционери од земји членки на ЕУ кон Македонија, само Филипче и Радев на иста линија и бараат уставни измени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryo5sodgr257pp6QxNkoQ

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска упати критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека заедно со бугарскиот претседател Румен Радев инсистира на уставни измени, додека европските претставници ги поздравуваат реформите што ги спроведува македонската Влада.

— реклама —

Според Манасиевски, Македонија во последниот период добива позитивни оценки и признанија од функционери на земјите членки на Европската Унија, кои, како што рече, ги следат реформските процеси и ја препознаваат земјата како лидер во регионот.

„Сите од ЕУ со внимание ги следат реформите на македонската влада и ги поздравуваат, велејќи дека сме лидери во регионот. Само Филипче и Радев велат дека единствена реформа се уставните измени“, изјави Манасиевски.

— реклама —

Тој оцени дека по, како што рече, период на „коленичење и лековерност“ за време на претходната власт предводена од СДСМ, европските претставници сега гледаат поинаков пристап од актуелната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и сметаат дека земјата заслужува предвидлив европски пат.

— реклама —

Манасиевски истакна дека СДСМ и Венко Филипче, според него, ја отежнуваат позицијата на државата и наместо да застанат зад националните интереси, дејствуваат во насока што им одговара на бугарските власти.

Во обраќањето, тој упати и прашање до СДСМ и Филипче што уште се подготвени да направат, како што наведе, „на штета на Македонија“, обвинувајќи ги дека не работат во интерес на државата.

— реклама —

Од СДСМ засега нема реакција на обвинувањата изнесени од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

„Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања