Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Манасиевски: Ислам Абази го спаси Филипче, откако Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО со години го чуваа предметот во фиока

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryfdb9bd4kkmp8fmHDNTc

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека ОЈО ГОКК го затворило предметот за изградбата на 19-те модуларни болници во периодот на ковид-кризата, меѓу кои и тетовската модуларна болница, во која во пожарот во септември 2021 година загинаа 14 лица. Обвинувањата ги изнесе портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски.

— реклама —

Според Манасиевски, предметот бил оформен на 10 септември 2021 година, а пет години подоцна, на 20 август 2026 година, ОЈО ГОКК, предводено од Ислам Абази, оценило дека не постои основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања при јавните набавки.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, имал директна одговорност за поставувањето на модуларните болници. Манасиевски обвини дека Филипче не потпишал технички спецификации и не бил изработен елаборат за електричната инсталација, а посочи и дека тетовскиот објект бил поставен над резервоар на бензинска станица.

„Ислам Абази го спаси Филипче“, изјави Манасиевски, обвинувајќи дека предметот со години бил во различни фази на постапување и дека со неговото затворање се заштитуваат поранешни функционери.

— реклама —

Од партијата посочуваат дека предметот првично го водела Вилма Русковска, а потоа бил преземен од Елизабета Јосифовска. Манасиевски оцени дека сега, по одлуката на ОЈО ГОКК, одговорноста за случајот повторно останува отворено политичко прашање.

Тој додаде дека затворањето на истрагата не значи дека постапката во иднина не може повторно да биде отворена доколку се појават нови докази.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

„Безобразието и навредите на СДС го достигнаа дното, веќе се зацементирани во талогот и нема назад“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ го прозва градоначалникот на Зрновци: Нема ролер парк, нема пешачка патека, проблем е и водата за пиење

Македонија | пред 1 ден

filipce-zaev-haris-dzinovic-dubai

„Заеднички омилен пејач им е Харис Џиновиќ“ – ВМРО-ДПМНЕ ги прозва Филипче, Заев и Вучиќ

Македонија | пред 1 ден

media-library4mr90ecno7407VIyD4u

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се заплетка во сопствените лаги, излажа за анкетите, а сега и дека поседува автомобил од 6.000 евра кој го нема во анкетниот лист

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања