Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Манасиевски: Изјавата на Рубин Земон е показател за пристапот на СДС кон македонските национални интереси под раководство на Филипче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryb2sgb3da4i131gTJJjP

Желбата на СДС да дојдат на власт е толку голема, до степен да негираат се што е македонско, да прифаќаат услови од земји кои што ја ветоизираат Македонија и и го попречуваат патот кон ЕУ, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Членот на Извршниот одбор на СДС, Рубин Земон, во јавен настап на поткаст отворено изјави дека дебатата за македонскиот идентитет не е релевантна, а Гоце Делчев го опиша како мит, тврдејќи дека не оставил никаков запис и не извојувал ниедна битка.

Рубин Земон е инаку поранешен функционер од редовите на СДС, кој очигледно според оваа изјава само потврдува дека во СДС постои континуитет на вакви ставови.

— реклама —

За нив ништо не значат македонскиот идентитет, јазикот, како и македонските национални интереси, туку тие само се теми за политичко пазарење.

— реклама —

Не им пречи тоа што, доколку би се спровеле уставните измени, нема гаранција за Македонија дека тоа ќе биде последната пречка на патот кон ЕУ.

Напротив, Филипче вели дека уште веднаш е подготвен да потпише и во највискиот орган на СДС, поставува луѓе кои се подготвени да ја релативизираат македонската историја, и испраќа пораки на подготвеност за отстапки кои допираат до самите темели на државноста.

— реклама —

Рубин Земон, е само уште еден доказ дека за Филипче не постои никаква црвена линија“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања