Промени тема
Контакт

Манасиевски: Листите на СДС во Струмица полни со насилници и тепачи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-libraryjcg0p0cla7o57rS4R9i
YouTube Print Screen

Соочени со фактот дека ја губат општината, СДС во Струмица шири страв и трепет, а листите за советници им се полни со насилници, изјави денеска Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Откако вчера македонската јавност увиде на каков начин СДС владее во Струмица, од партијата нема осуда, ниту оградување“, рече Манасиевски.

— реклама —

Тој праша каков пример даваат на младите Христијан Ефтимов и Илија Стојанов, кои, како што нагласи, крвнички тепале странски државјани во Струмица. „Зарем така треба да се однесуваме со туристите во државава? Исто така, дали судството ги штити овие две лица бидејќи сè уште нема постапено?“, додаде тој.

— реклама —

Манасиевски посочи дека тие двајца не се први ниту последни кои имаат кривични пријави во советничката листа на СДС во Струмица. „За носителот на листа, Миле Гогов има кривична за загрозување на сигурност, додека за Шефкет Асанов има прекршочна за насилство и нарушување на јавен ред и мир. Исто така, и тука прашуваме дали судството има реагирано? Или за членови на СДС тоа не важи?“, рече Манасиевски.

— реклама —

„Од сето ова можеме да заклучиме дека СДС во Струмица кандидира насилници и тепачи на кои досиејата им се полни со кривични пријави и заштитени од судството, затоа што се чеда на Заев. На Струмица не ѝ требаат тепачи и насилници, на Струмица ѝ е потребна вистинска промена“, истакна Манасиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn1pgeii86e2sdepJgCX

(Видео) Родители повикале пожарникари бидејќи ќерката не одговарала, а таа била заспана

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-library26d0q4plkfvv82gPYdS

(Видео) Силно невреме ја погоди Струмица: Ѕид се урна врз паркирани автомобили, откорнати дрвја и оштетени покриви

Македонија | пред 2 седмици

media-library0fp67osvalfsaUsWjw2

Пожарникарите во Струмица на терен по невремето: Испумпуваат вода од поплавени простории

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryvaqgsc3fhtjo8ohRKq0

(Видео) Силно невреме ја зафати Струмица: Ветрот корнеше дрвја и однесуваше покриви

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања