Промени тема
Контакт

Манасиевски: Мали Фрчко - новото лице на Филипче, кадар на уништениот систем

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-library649377a2c8tsdwFByP5

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, денеска остро ја критикуваше СДС, обвинувајќи дека партијата останува нереформирана и дека во своето раководство вклучува лица со, како што рече, сериозни контроверзии.

Манасиевски изјави дека на чело на СДС, според него, стои „чуварот на фотелјата на Зоран Заев“, Венко Филипче, а во партиското раководство бил вклучен и Јон Фрчковски, син на нивниот идеолог. Тој оцени дека во раководството на СДС има „различни профили на луѓе“, кои, како што тврди, се поврзуваат со криминал, корупција и манипулации.

— реклама —

Според Манасиевски, во јавноста пред неколку месеци се појавиле фотографии од Фрчковски, за кои тој тврди дека покажуваат користење психотропни супстанции на работно место. Како што додаде, од СДС немало ниту оградување, ниту јасна реакција, а најавената оставка, според него, не била разгледана.

Тој постави низа прашања, меѓу кои и зошто надлежните институции, вклучително и Јавното обвинителство, не постапиле доколку, како што тврди, настанот се случил во државна институција, како и од каде потекнуваат спорните супстанции. Манасиевски праша дали постои привилегиран однос кон „децата на транзициската елита“.

— реклама —

„СДС му должи извинување на народот, наместо да ги наградува луѓето кои ја злоупотребуваат доверената функција“, изјави Манасиевски, нагласувајќи дека вистински реформи во СДС се „повеќе од потребни“.

— реклама —

Од СДС засега нема официјален одговор на овие обвинувања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryi43p1htfliq52rpr22A

СДСМ: Скопје остана без базен за пливачи, жичницата возела без сензори, ѓубре по градот и по брегот на Вардар - вака Ѓорѓиевски го води Скопје!

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
media-library7kafgtnue3t2a3bRHDL

СДСМ: Арамијата Мицкоски ја зголеми дупката во ПИОМ на 1 милијарда евра, пензиите ги доведе во ризик

Македонија | пред 8 часа

media-librarypeu1u1rdt5f5cn71SaP

„Одлуките на меѓународните судови мора да се почитуваат“, велат од СДСМ

Македонија | пред 9 часа

media-libraryl85o3cek89n79Kn961t

„Мицкоски ќе ја „држи“ цената на струјата со заем- сметката повторно ќе ја плаќаат граѓаните“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања