Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Манасиевски: „Познат доктор одбил функцијата во СДСМ – не го смета Филипче за релевантен политичар“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-librarybde59lr0ui4g88f0U1z

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска на прес-конференција изјави дека партијата добила информации оти познат доктор и поранешен градоначалник одбил да прифати функција во раководството на СДСМ, бидејќи, како што рече, не го смета актуелниот партиски лидер Венко Филипче за релевантен политичар.

— реклама —

Според Манасиевски, состојбата во СДСМ е крајно нестабилна по, како што ја нарече, „катастрофалната загуба“ на локалните избори, на кои партијата освоила околу 120.000 гласови и само шест општини.

— реклама —

„СДСМ е во тежок политички нокдаун, а процесот на консолидација никако да му појде од рака на Филипче,“ рече Манасиевски, додавајќи дека поранешни активисти, функционери и поддржувачи веќе јавно се дистанцираат од раководството и не ги поддржуваат неговите политики.

— реклама —

Тој нагласи дека од сите страни во партијата се бараат реформи, како и оставка и одговорност од сегашниот лидер, но, според него, „само Филипче ја игнорира таа реалност“.

„Изгледа дека Филипче е задоволен од целата ситуација и сака да го доведе СДСМ до ниво на статистичка грешка,“ изјави Манасиевски, повикувајќи ја најголемата опозициска партија „итно да спроведе внатрешни реформи, бидејќи на Македонија ѝ е потребна силна опозиција“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4v41q12taiqb6zc7UQx

(Видео) Манасиевски: Промените во Македонија започнаа со заминувањето на Заев, продолжија со Ковачевски и ќе завршат со заминување на Филипче

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryai51mq2hl15b0Wo5OY9

(Видео) „Прво паднаа Филипче и Заев, па потоа Вучиќ, а на приватни забави им пее истиот пејач“, вели Манасиевски

Македонија | пред 4 дена

media-library6tlq4h51c3iraa3I2Nk

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Македонија | пред 5 дена

media-libraryhqbrifh1kovm3eeW9xt

(Видео) „СДС и Филипче како адвокати во одбрана на Михаилова, повторно против Македонија“, вели Манасиевски

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања