Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Манасиевски: СДС и Филипче треба повеќе да работат за Македонија, отколку да кодошат во Бугарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryofv8cjbs05270ZSwSAw

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку прес-конференција на членот на Централниот комитет Валентин Манасиевски упати остри критики кон Социјалдемократски сојуз на Македонија и лидерот Венко Филипче, обвинувајќи ги дека „повеќе кодошат во Бугарија отколку што работат за Македонија“.

Манасиевски изјави дека СДСМ и Филипче, според него, немаат поддршка од граѓаните и затоа „се свртеле да одработуваат за странски држави и партии“.

— реклама —

„СДС и Филипче свесно шират какафонија во медиумскиот простор, бидејќи се загубени и немаат што да понудат на граѓаните, освен лаги, измислици и манипулации“, рече Манасиевски.

— реклама —

Тој посочи дека СДСМ тврди оти уставните измени се последниот чекор кон членство во Европска Унија, додека, како што рече, бугарскиот премиер Румен Радев во јавните настапи најавува дополнителни барања од Бугарија.

„Дека уставните измени се последната пречка за Македонија, веруваат само Венко Филипче и лојалистите на Зоран Заев“, изјави Манасиевски.

— реклама —

Во обраќањето, тој оцени дека СДСМ и Филипче „по стапките на Заев“ би направиле нови отстапки само за да дојдат на власт.

— реклама —

„Тоа што Заев го започна, Филипче нема никаков проблем да го заврши“, рече Манасиевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека ваквите политики носат „низок рејтинг и исчезнување од политичката сцена“ и ги повикаа СДСМ и Филипче „да застанат во одбрана на македонскиот идентитет, интегритет и достоинство“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library88us3ia4sfj3551qHrH

(Видео) Манасиевски: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library4v41q12taiqb6zc7UQx

(Видео) Манасиевски: Промените во Македонија започнаа со заминувањето на Заев, продолжија со Ковачевски и ќе завршат со заминување на Филипче

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryai51mq2hl15b0Wo5OY9

(Видео) „Прво паднаа Филипче и Заев, па потоа Вучиќ, а на приватни забави им пее истиот пејач“, вели Манасиевски

Македонија | пред 2 седмици

media-library6tlq4h51c3iraa3I2Nk

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања