Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ на следниот изборен циклус сакаат да се претстават како жртви и оштетени, затоа не се донесе Изборниот законик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryhh1lcbl0a2blb00dPL3

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска на прес-конференцијата обвини дека СДСМ, Левица и ДУИ намерно го блокирале донесувањето на Изборниот законик со цел, како што рече, на следниот изборен циклус да се претстават како жртви и оштетени.

— реклама —

Според Манасиевски, стравот од изборен пораз ги обединил трите опозициски партии, кои, како што наведе, го спречиле носењето на еден од најважните закони што се однесуваат на политичките партии.

— реклама —

Тој истакна дека Владата покажала подготвеност за постигнување консензус и обезбедила простор за договор, но, според него, опозициските партии се определиле за опструкции.

„Иако како никогаш досега имаа партија на власт која им порача да се договорат за решенијата што ги сакаат и дека тие ќе бидат прифатени, тие тоа го одбија“, изјави Манасиевски.

— реклама —

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека европските претставници ја оцениле Македонија како лидер во спроведувањето на Реформската агенда и посочиле дека државата ќе добие најмногу средства од Планот за раст поради реализираните реформи. Според него, и покрај повиците за политички консензус околу Изборниот законик, СДСМ, Левица и ДУИ одлучиле да го блокираат неговото донесување.

— реклама —

Манасиевски порача дека, според ВМРО-ДПМНЕ, политиката на претставување како жртва нема да им донесе политичка корист на опозициските партии.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library88us3ia4sfj3551qHrH

(Видео) Манасиевски: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-library4v41q12taiqb6zc7UQx

(Видео) Манасиевски: Промените во Македонија започнаа со заминувањето на Заев, продолжија со Ковачевски и ќе завршат со заминување на Филипче

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryai51mq2hl15b0Wo5OY9

(Видео) „Прво паднаа Филипче и Заев, па потоа Вучиќ, а на приватни забави им пее истиот пејач“, вели Манасиевски

Македонија | пред 2 седмици

media-library6tlq4h51c3iraa3I2Nk

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања