Промени тема
Контакт

Манасиевски: Темата за мигранти е измислена и служи за ширење паника, Владата ниту преговарала, ниту преговара, ниту ќе преговара за било какво сместување мигранти во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryjjip8s742fi74pm7qBb

„Прво, сакам да констатирам дека оваа тема не требаше воопшто да се започне, бидејќи ова е измислена тема од една партија којашто има само 120 000 гласови и во безидејност и заштита на своите криминалци во партијата и криминалите коишто во изминатите 7 години ги имаа направено, најде еден начин да се произнесе во медиумскиот простор и да најде некоја тема за наводни мигранти“ рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата „Само вистини“ на Канал 5 телевизија.

Манасиевски истакна дека со изгласаната Резолуција во Собранието е потврдено дека ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Владата преговарале, не преговараат, ниту ќе преговараат за какво било сместување мигранти во Македонија.

— реклама —
— реклама —

Тој потсети дека токму оние кои денес се против мигранти, во 2018 година гласале на владина седница за изградба на мигрантски камп во Бардовци, како дел од тогашната влада на Зоран Заев.

— реклама —

„Многу е важно исто така да се напомене дека кога имате вие демант и од премиер на држава, претседател на држава, кога имате демант и од Британска амбасада и вие упорно продолжувате да сеете страв да ширите паника низ државата, да воведувате некаква хистерија дека ќе дојдат мигранти, тоа е веќе кривично дело. Зошто? Бидејќи вие свесно ширите паника и манипулација меѓу граѓаните“, заклучи Манасиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0jhrgg546mb58LVZb0Y

ВМРО-ДПМНЕ: Инсталациите на СДС и ДУИ во правосудството за кубење коса судат 4 години, а за криминалот во Мазут и жртвите од Модуларната и Ласкарци одговорност ни на повидок

Македонија | пред 8 часа

— реклама —
media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

ВМРО-ДПМНЕ: Пензискиот фонд е стабилен и пензиите ќе се исплаќаат редовно

Македонија | пред 23 часа

media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да научи дека тендер, набавка или прослава за ден на независност може да биде на легален и чесен начин организирано

Македонија | пред 1 ден

media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

„Наместо во служба на правдата и граѓаните, правосудството се претвори во бастион на СДС и ДУИ кој го штити Филипче, Заев и останатите“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања