Промени тема
Контакт

Манасиевски: Венко Филипче заедно со Рубин Земон се главни соработници на бугарската пропаганда во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library3e6fqsu7f6op9mDXRpS

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција


Стигна потврда за она што веќе со недели го говориме, а тоа е соработката на Венко Филипче и СДС со бугарските власти, со единствена цел – внесување на Бугарите во Уставот, што ќе биде првото од многуте барања кои потоа ќе ги има Бугарија, а се однесуваат на идентитетот, јазикот, културата и историјата, вели Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

„На фотографијата зад мене, го гледаме Рубин Земон, членот на ИО на Филипче, кој вчеравечер и си поднесе оставка од истата функција, кој јасно на бугарски поткаст велеше дека Гоце Делчев е мит и дека не направил ништо за Македонија. Рубин Земон на фотографијата е на средба со Виктор Стојанов од Фондацијата „Македонија’’. Станува збор за оспорена невладина организација којашто функционира во Македонија. Фондацијата има за цел ширење на бугарска пропаганда во Македонија, а е позната по ксенофобски испади, и гледишта дека македонскиот народ и македонската историја се под бугарска историографија. Или во кратки црти, оваа фондација и нејзиниот претседател велат дека Македонија и Бугарија се еден народ во две држави, како што и велеше врховниот лидер на СДС, Зоран Заев.

— реклама —
media-librarychikbtkc198n0Xsi8Zj

Оваа коалиција на Венко Филипче и Рубин Земон, односно на СДС со бугарски организации е спремна да го негира македонскиот идентитет, да го оспори нашиот македонски јазик, да ја избрише македонската историја и да ја уништи македонската култура.

— реклама —

Ете, со овие луѓе соработува или коалицира уценетиот Венко Филипче и неговата СДС.

Дознаваме од свиркачи, дека видни членови на СДС виделе дека работата е отидена предалеку и дека преку ова не смее да се помине, па му било сугерирано на Филипче да го тргне Рубин Земон од ИО за да не му штети на СДС, а да продолжи во неговата работа, која веќе е потврдена и во јавноста со оваа фотографија позади мене.

— реклама —

Почитувани граѓани,

— реклама —

Како тргнал Филипче ќе остане сам со кланот Заеви.

ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните нема да дозволи да се случи повторно предавство на македонските национални интереси. Доста е со понижувања, потклекнувања и потчинувања. Време е Македонија да биде горда, исправена и достоинствена“, вели Манасиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library79f8icgqnkvieOr0EiA

Манасиевски: Љупчо Николовски изготвил вешт наод за нанесена душевна болка кај доктор кој повеќекратно бил донатор во СДС

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryagtf95sg9gqv68WaZzC

Манасиевски до Николовски: „Кукавиците бегаат и се кријат. За тоа дали моите аргументи се вистинити или лажни ќе каже судот, а не ти“

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryi592fc405gc67APWaag

(Видео) Манасиевски: СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите во Мала Речица и на Бихаќка, тие се соработници на криминалот и корупцијата

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryktns2p23d9veeNqs2AO

(Видео) Манасиевски: За кубење коса 4 години, за 150 ќебапи 3 години, а за Ласкарци, Модуларна и Мазут, одговорност нема

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања