Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски се во самоизолација, откако биле во контакт со заразен со Ковид-19.
Манчевски и Царовска биле во контакт со потпретседателот на СДСМ Mухамед Зекири кој вчера објави дека тој и семејството се позитивни на КОВИД 19.
-Согласно препораките на епидемиолозите, поради средбата со мојот другар и колега Мухамед Зекири, во наредните девет дена ќе бидам во самоизолација.
На средбата беа применувани здравствените протоколи, но сепак препораките на здравствените експерти се најважни и мора да ги почитуваме.
На Муки и семејството им пожелувам брзо закрепнување. На сите други Ви посакувам добро здравје, напиша на својот ФБ профил министерот Дамјан Манчевски.
https://www.facebook.com/damjan.manchevski.3/posts/3092043120831727
Царовска потенцираше дека вчера направила тест, и тој е негативен, но ќе остане во самоизолација.
-Ја информирам јавноста дека од денес сум во задолжителна самоизолација, откако вчера колегата Мухамед Зекири е позитивен на Ковид-19. Во текот на минатата недела имавме заеднички состанок на кој сите бевме со заштитна опрема и на препорачаната дистанца. Сепак, согласно епидемиолошката анкета задолжително ќе останам во самоизолација до 9 јуни. Во текот вчерашниот ден направив и тест кој е негативен. Засега немам никакви симптоми и се чуствувам добро. Сите мои работни обврски продолжувам да ги извршувам непречено од дома.
На семејството Зекири му посакувам брзо и успешно оздравување и закрепнување, како и на сите останати граѓани кои се борат со коронавирусот.
https://www.facebook.com/carovska.mila/posts/674296486449729
фото: ФБ