Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Манчевски: Мерката за прекин на работа важи за сите освен за вработените во безбедносниот сектор, здравствениот или полицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
manceski

Владата по препорака на министерот за здравство Венко Филипче и Комисијата за заразни болести вчера донесе нови засилени мерки за заштита на јавното здравје. Покрај мерката прекин на воспитно – образовниот процес и наставата во сите детски градинки, основни и средни училишта и високо – образовни установи и во јавните научни институти на територијата на Република Северна Македонија во наредните 14 дена, беше кажано и дека еден од родителите кои имаат деца до 10 годишна воздраст може да останат дома а се да им биде платено.

— реклама —

Дамјан Манчевски, министерот за информатичко општество и администрација, во емисијата 24 Отворено на Телевизија 24 даде појаснување за мерката ослободување од работа на еден од родителите на деца до 10 години.  Манчевски кажа дека мерката за родителите важи за сите освен за вработените во безбедносниот сектор, здравствениот или полицијата.

„Професијата што сите ја работиме бара ризици и откажувања, во овие моменти треба да покажеме висока општествена одговорност. Во ваква ситуација здравствените установи и безбедносните институции мора да останат со полн капацитет. Доколку двајцата родители се од ваков тип ќе има дополнителни мерки“, вели Манчевски.

— реклама —

 

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања