Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Манчевски на глобалната конференција за Сајбер безбедност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
20190226_114333

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, е во работна посета на Лондон и Универзитетот во Оксфорд. Во рамки на посетата тој е еден од говорниците на глобалната конференција за Сајбер безбедност.

— реклама —

Тој се обрати на панелот посветен на националниот и регионалниот прогрес во рамки на борбата со сајбер криминалот.

„Со влезот во НАТО, а наскоро и во Европската Унија, Република Северна Македонија станува се попривлечна цел за сајбер криминал. Секако, сајбер- безбедноста стана еден од клучните приоритети за Владата, особено за ресорните министерства задолжени за националната сајбер-безбедност.

— реклама —

Комбинацијата на силна политичка волја и приоретизирање на изградбата на сајбер-безбедносните капацитети со поддршка од нашите стратешки партнери, резултираа со значајни достигнувања во изминатата година. За првпат, во инклузивен процес изработивме Стратегија и Акциски план за сајбер безбедност“, информираше министерот Манчевски.

— реклама —

Како што истакна министерот Манчевски, неопходно е да се инвестира во опремувањето и јакнењето на капацитетите на луѓе, на вработените во јавната администрација, но и во бизнис заедницата, затоа што никој не е имун на сајбер нападите.

„Со оглед на тоа што соседните земји, односно земјите од Западен Балкан се наоѓаат на слична позиција и имаме одлична соработка и поддршка од Европската Комисија во областа на дигиталната политика, дадовме предлог во Северна Македонија да се отвори првиот Регионален центар за обуки и истражување во областа на сајбер безбедноста. Предлогот е изготвен и во тек е проценка на организациските и финансиските ресурси. Предложениот концепт за Регионалниот центар за обука и истражување на сајбер безбедноста ќе се вклопи во рамките на Технолошки парк, кој се наоѓа во Скопје“, рече министерот Манчевски.

— реклама —

Фокусот на овогодинешната конференција е градењето на глобални капацитети за сајбер безбедност, во наредните пет години. Главни прашања кои се отворија на конференцијата се: Кои се новите закани? Со кои предизвици ќе се соочат државите? Колку државите имаат капацитет да обезбедат сајбер безбедност и како тоа ќе резултира врз градењето на капацитетите за борба со сајбер криминалот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања