Манчевски: Поделбите и политизацијата на Ковид-19 не помагаат на никого

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
mancevski

Корона вирусот не ги бира луѓето по тоа дали работат во јавната администрација или се во приватен сектор. Во новото нормално за кое се подготвува целиот свет, мора да бидеме спремни дека вирусот ќе го има околу нас. Наша обврска е да се заштитиме себеси и своите најблиски со почитување на мерките на здравствените работници кои се еднакви секаде, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во однос на Фејсбук статусот на дополнителната заменичка Невенка Стаменковска Стојковски.

— реклама —

Но, очигледно дополнителната заменичка министерка Невенка Стаменковска Стојковски продолжува да го користи вирусот за политички цели и да набројува институции со цел ширење на паника и надеж за добивање на политички поени.

Кога веќе споменува во кои институции работат дел од позитивните случаи, се прашувам зошто заборава да го спомене МВР. И таму во повеќе наврати дел од вработените беа тестирани позитивни, помеѓу кои и советникот на техничкиот министер. Или оваа информација не им оди во прилог во матрицата на поделби којшто сакаат да ја наметнат во јавниот сектор.

— реклама —

Повторно апелирам да ја оставиме пандемијата со Корона вирусот надвор од политичките пресметки. Поделбите, лажните вести и ширењето на паника е само на наша штета. Никоја нема да добие ништо од тоа. Нашата борба е со вирусот Ковид-19 и само со почитување на мерките можеме да ги намалиме бројките на позитивни независно во која институција работат, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во однос на Фејсбук статусот на дополнителната заменичка Невенка Стаменковска Стојковски.

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања