„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Mанифестaција посветена на мартинките во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
Martinki

Традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта 2019“ по шести пат ќе биде отворена на 27 февруари во 12 часот на првиот кат во трговскиот центар „Капитол мол“ во Скопје. Организатор на настанот е Центарот за научно истражување и промоција на културата „ХАЕМУС“ и претставува дел од активностите поврзани со интернационалната апликација во УНЕСКО по повод признавањето на овој традиционален украс како нематеријално светско културно наследство.

— реклама —

Настанот ќе биде отворен до трети март и ќе бидат изложени оригинални рачно изработени амајлии од Македонија, Бугарија и Романија, а постановката ќе биде збогатена и со едукативни панели, визуелизација на мартинките преку археолошки предмети, продажна галерија со ракотворби и креативни работилници за деца.

— реклама —

- ХАЕМУС помина цел процес на метаморфози и статусот кој УНЕСКО ни го додели како носители на светско културно наследство е нешто највисоко до коешто веројатно може да стигне една граѓанска организација во светот. Во оваа мисија ни помогна нашето повеќегодишно искуство од областа на културниот менаџмент, специјалните обуки коишто ги поминавме за нематеријално културно наследство, како и поддршката којашто ја имаме од државните институции, граѓанските организации, бизнис секторот, па сѐ до самите граѓани кои го практикуваат овој обичај - вели Василка Димитровска, директор на „ХАЕМУС“.

Традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта 2019“ се прави со поддршка од Министерството за култура, град Скопје и Капитол Мол под мотото на УНЕСКО за Отворени Образовни Ресурси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања