Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Маричиќ – Ескобар: Поддршката од САД е тука, неопходен е национален консензус за европската шанса

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, на средбата во Вашингтон со Габриел Ескобар, американскиот специјален претставник за Западен Балкан и заменик-помошник на државниот секретар за Европа и Евроазија, разговараше за уставните измени, за евроинтеграциите и за поддршката на Соединетите Американски Држави на тој план, како и за процесот на реформирање на македонското општество.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

Маричиќ ја искористи средбата за да го информира Ескобар за текот на преговорите со ЕУ, за активностите со кои во моментот ги дефинира областите во кои можеме да се вклучиме пред членство во ЕУ посочувајќи дека Владата ќе продолжи со офанзивна политика кога станува збор за интегрирањето на државата во ЕУ за задржување на динамиката на преговорите и брз напредок во процесот.

— реклама —

— реклама —

Пораката на специјалниот претставник за Западен Балкан и заменик-помошник на државниот секретар за Европа и Евроазија, Габриел Ескобар, е да ја задржиме амбицијата за членство во ЕУ, со укажување дека за успех е потребен политички консензус и продолжување со спроведување на бараните реформи во наредните месеци.

На средбата беше потврдено дека ова е добар момент за целиот Западен Балкан, особено за Северна Македонија, која ги исполнува условите и веќе преговара со ЕУ, да потврди дека е сериозна кандидатка за членство во Унијата и да направи брз исчекор, со кој ќе ја потврди својата позицијата во новиот пакет на проширување на ЕУ.

Маричиќ и Ескобар се согласија дека можеме да успееме и дека имаме целосна поддршка од САД во тоа. Во тој контекст вицепремиерот Маричиќ му се заблагодари на Ескобар за децениската поддршка што САД ѝ ја даваат на Северна Македонија и што остануваат наша силна политичка и економска помош во реализацијата на нашата стратешка определба.

— реклама —

Со оваа средба вицепремиерот Маричиќ ја завршува официјалната посета на Вашингтон, во чии рамки имаше можност да се сретне со високи претставници на Стејт департментот и да разговара за процесот на обединување на ЕУ со Западен Балкан и унапредувањето на билатералните односи на сите нивоа.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања