Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Маричиќ: Користењето на ИПА фондовите клучно за забрзување на реформите и регионалниот развој

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на својот Фејсбук профил објави дека од 2007 година досега во нашата држава, се инвестирани вкупно 812.457.807,62 евра преку ИПА фондовите на Европската Унија.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

Според региони Вардарскиот регион има најмногу инвестирани европски средства, во износ од 122.851.824,22 евра. Втор по искористеност на европските фондови е Пелагонискиот регион со вкупно 79.163.058,15 евра. Следуваат Скопскиот регион со 44.959.852,53 евра, Југоисточниот регион со 42.353.627,60 евра, па Источниот кој има 37.079.873,71 евра, во Североисточен регион 34.418.739,01 евра, во Југозападен регион 31.171.375,34 и 29.044.517,85 евра во Полошкиот регион.

— реклама —

— реклама —

„Граѓаните на земјите членки на ЕУ со тоа покажуваат за степенот на свест и желба за придонес кон земјите кандидати за влез во Европската Унија. Одговорноста и детерминираноста која ја покажуваат нашите европски стратешки партнери треба да се сфатат сериозно. Превземањето одговорност од наша страна е и еден од најважните чекори за успешна реализација на евроинтегративниот процес, а тој се реализира преку свесно превземање на обврските и фокусирана работа од наша страна“- стои во објавата на вицепремиерот.

Според Маричиќ „Сè зависи од нас, од нашите капацитети“. Тој е убеден дека “заеднички, ја имаме моќта да ја трансформираме оваа држава во уште поубаво место за живеење со помош и соработка на сите земји членки на Унијата“.

„Нашата цел е комплетна евроинтеграција, влевање на уште поголеми средства за подобрување на животот во нашата држава во сите сектори, економијата, енергетиката, животната средина, образованието, трудот и социјалната политика, културата, дигитализацијата на општеството и се тоа во една безбедна, регулирана и легално систематизирана средина“-пушува во Фејсбук објавата.

— реклама —

Вицепремиерот и Национален ИПА координатор Маричиќ додава дека фондовите и средствата кои се инвестирани во Северна Македонија доаѓаат од сите земји членки на ЕУ, пари кои се влеваат во фондовите директно од плаќањето на даноците во Унијата.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања