Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Маричиќ: На голема врата се враќа проширувањето на ЕУ, со јасен план

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


Денеска на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска формално му беше врачен документот за Унапредување на постепената интеграција за Западен Балкан, од страна на амбасадорот на Република Австрија во земјава, Н.Е. Мартин Памер.

— реклама —


– Ова внесува нова динамика на преговарачкиот процес и ја прави уште подостижна нашата цел за членство во ЕУ до 2030, рече Маричиќ на состанокот.

— реклама —


— реклама —

Тој изрази благодарност и очекување дека ЕУ и државите членки ќе го поддржат и поттикнат забрзувањето на евроинтеграцијата на целиот регион.


Маричиќ смета дека наша задача е сега да испорачаме резултати и да ги завршиме обврските, бидејќи како што вели тој „шансата ни е дадена, сега на сите нас е одлуката да ја водиме државата онаму каде сакаат нашите млади да живеат, во ЕУ.

— реклама —

Според Документот забрзаната интеграција ќе се реализира преку институционални инструменти, финансиска поддршка и постепена политичка и административна интеграција, кои предвидуваат редовно неформално учество на државите од регионот на состаноците на Советот на ЕУ и други работни групи каде што се дискутира на теми од заеднички интерес и дејствување, како и предвремена интеграција во одредени области на единствениот пазар на ЕУ.


Динамизација на реформите пак се планира да се случи со финансиска поддршка, преку зголемена поддршка за зајакнување на капацитетот за апсорпција на ИПА и конзистентен пристап во надворешното финансирање на ЕУ за земјите кандидати и потенцијалните кандидати, вклучително и поблиска соработка со меѓународни финансиски институции, известуваат од Секретаријатот за европски прашања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања