Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Маричиќ: Не е време за политички надмудрувања и изговори, успехот е во обединетоста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ, за манифестот на лидерите на политичките партии застапени во Собранието, а во врска со водењето преговори за полноправно членство во ЕУ, смета дека е уште еден повик и можност за обединување и начин да се докаже дека политичките партии имаат иста мисија и цел кога станува збор иднината на државата и граѓаните.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

— реклама —

„Манифестот, потпишан и поддржан од сите политички партии, ќе биде силен доказ дека сите имаме иста мисија и цел кога е во прашање иднината на државата и граѓаните. Со заеднички глас за европската иднина да тргнеме по патот на целосно трансформирање на македонското општество“, пишува на фејсбук-профилот на вицепремиерот.

— реклама —

Маричиќ овој момент го гледа како историски за евроинтеграцијата на Северна Македонија и смета дека процесите добиваат успех и вредност ако ги валоризираме во вистинско време.

„Сега не е време за политички надмудрувања и изговори. Убеден сум дека ќе сведочиме за нов брз напредок кон ЕУ и успех во постигнувањето на врвните стратешки приоритети и национални интереси“, вели Маричиќ.

— реклама —

Во објавата Маричиќ вели дека „овој манифест не само што ја претставува политичката заложба за ЕУ туку е и потврда за нашата национална решителност да изградиме подобра, обединета и светла иднина за Северна Македонија“. За него, сега е најважно сите да застанат на иста страна и со посветеност и единство да продолжат преговорите со ЕУ оставајќи ги настрана политичките разлики да демонстрираат искрена намера за членство во ЕУ.

„Водени од заедничката визија што ги надминува партиските граници, поединци, пратеници, сите политички партии да ја потврдат искрената намера за ЕУ и да работиме неуморно за исполнување на аспирациите на нашиот народ и за обезбедување на нашето место во Европската Унија“, порачува Маричиќ.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања