„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Маричиќ: Од денеска судските такси намалени за осум пати – правдата подостапна за граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
05112020_MP_Marichikj_press-4

Денеска на сила стапува Законот за изменување и дополнување на Законот за судски такси, со кој граѓаните конечно добиваат големо намалување на трошоците кои ги имаат во судовите. Свесни бевме дека тие беа високи, а луѓето на кои им беше потребна правда, многу пати се откажуваа да ја бараат во судниците. Тоа сега се надевам ќе се промени, бидејќи правдата станува подостапна за сите, истакна на денешната прес конференција министерот за правда Бојан Маричиќ.

— реклама —

Според Маричиќ судските такси се значително намалени. Ако во минатото тие можеа да изнесуваат и до 48.000 денари, сега нема да платите повеќе од 6.000 денари. Трошоците за судските такси во првостепена постапка ќе се движат од 480 до најмногу 6.000 денари, во зависност од вредноста на спорот.

Министерот кажа и пример како би изгледало тоа во пракса:

— реклама —

Тужите осигурителна компанија за надомест на штета во вредност од 3 милиони денари. Судската такса која треба да ја платите е 2 % од вредноста на спорот. Значи во овој случај граѓанинот ќе требаше за судски такси да го даде максималниот износ од 48.000 денари. Сега според донесените измени давачката ќе биде само 6.000 денари, односно осум пати помалку. Доколку е потребно да ја истерате правдината до крај и да ги искористите сите редовни и вонредни правни лекови, по старата тарифа за истиот спор ќе платевте вкупно 288.000 денари (тужба 2%, одлука 2%, жалба 4%, ревизија 4%). По новата судска такса, најмногу може да потрошите вкупно 36.000 денари или 252.000 помалку, доколку се жалите.

Или друг пример кога се работи за долг од 15.000 илјади евра или околу 930.000 илјади денари. Почнувате парнична постапка на суд, а судската такса е 2% од вредноста на спорот. По старата такса, треба да платите 18.600 денари судска такса. По новата, ќе платите само 6.000 денари.

Очекуваме ваквите промени да бидат во интерес и на адвокатите и вештаците, бидејќи граѓаните ќе бидат охрабрени по судски пат да стигнат до правдата.

Овие промени кои ги направивме во поширока смисла на толкување се и во духот на Националната стратегија за намалување на сиромаштијата. Воедно, согласно „Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија 2020-2024” еден од клучните стратешки приоритети е обезбедување на Функционална правна држава според која меѓу другото е потенцирано дека „Граѓаните во Република Северна Македонија честопати се откажуваат од судска заштита на своите права заради високите судски такси. Ќе ги намалиме судските такси, бидејќи високите судски такси ја прават правдата недостапна за граѓаните.“...Ова ветување веќе го исполнивме, истакна Маричиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања