Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Маричиќ-Пич: Западен Балкан мора во ЕУ, нема друга опција за трајна стабилност на регионот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


Денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ оствари средба со специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Лорд Стјуарт Пич, на која разговараа за текот на преговорите и идните планови на Северна Македонија на патот кон ЕУ, како и за политичките случувања во регионот.

— реклама —


— реклама —

На состанокот беше потврдено од страна на британските специјален претставник за Западен Балкан, Лорд Стјуарт Пич, дека Обединетото Кралство продолжува да дава поддршка на ЕУ интеграција на Западен Балкан, со очекување Северна Македонија да го забрза процесот на преговори со ЕУ, бидејќи и Маричиќ и Пич се согласија дека секое кочење на евроинтеграцијата ќе значи простор за мешање на трети страни.


— реклама —

Вицепремиерот укажа дека Северна Македонија припаѓа на заедницата на европски вредности и ја посочи важноста на политичката посветеност која ја имаме од Обединетото Кралство на патот кон ЕУ, како и севкупната поддршка во нашите демократски и реформски процеси.

— реклама —

Соговорниците ја нагласија важноста од соработката и постојаната комуникација меѓу сојузниците и искрените пријатели како што се Северна Македонија и Обединетото Кралство, особено во сегашниот сложен геополитички момент.


Како НАТО партнери и сојузници на патот кон ЕУ Маричиќ и Пич кажаа дека и Северна Македонија и Обединетото Кралство имаат иста цел и заеднички работат регионот да успее во пристапните преговори за краток временски период и да ја забрзаме интеграцијата, како што кажа Маричиќ „со исполнување на обврските и задачите од Поглавјата 23 и 24, односно во делот на владеењето на правото, борбата против организираниот криминал и корупцијата, на што Владата е целосно фокусирана“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања