Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Маричиќ: Почитувањето на различните културни и традиционални вредности е една од клучните вредности во ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


На седницата на оперативното постојано тело за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам се обрати Вицепремиерот Маричиќ почнувајќи ја седницата со воведно обраќање.

— реклама —


„Чест и задоволство ми беше што денес повторно претседавав со телото кое е носител на негувањето на различностите во нашето општество со дискусија околу развој на концептот за едно општество и мултикултурализам“.

— реклама —


— реклама —

„Наша задача е и понатаму да останеме посветени на реализацијата на стратегијата “Едно општество за сите,” со која го приближуваме македонското општество чекор поблиску до европските вредности, градиме општество базирано на еднаквост, толеранција, разновидност и дијалог и општество кое ги почитува индивидуалните и колективните идентитети, како и вредностите на мултикултурализмот“.


Една од суштинските пораки која ја прати Вицепремиерот гласеше: Почитувањето на различните културни и традиционални вредности е една од клучните вредности во ЕУ. Заедничките напори секогаш вродуваат со резултати кога сите учесници во процесот имаат иста цел. Затоа, цел на оваа Влада е евроинтеграција односно полноправно членство во ЕУ и тоа до 2030 кое е изводливо во заедништво и консензус на сите политички конституенти, сите општествени структури, бизнис заедници и поединци.

— реклама —

На седницата присуствуваа членови на оперативното постојано тело за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам, во состав Роберт Алаѓозовски претседател на координативното тело и национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, Џабир Доко заменик министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Еран Куртиш директор на агенцијата за остварување на права на заедниците, Дарјан Сотировски директор на комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Рубин Земон – претставник на академската заедница, д-р Ана Чупеска – преставничка на академската заедница и други претставници.


Членовите ги истакнаа нивните забелешки за стратегијата и дадоа свој придонес во дискусијата кои ќе бидат земени предвид во понатамошното подготвување на стратегијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања