„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Маричиќ: Пописот не треба повторно да се политизира

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
maricic-2-1

Министерот за правда Бојан Маричиќ, во емисијата 360 степени, на телевизија Алсат, изјави дека е потребно да се престане со политизација на пописот планиран за следната 2021 година. Според министерот, искуството од пропаднатиот попис е доволна поука дека на него треба да се гледа како на статистичка операција суштински потребна за државата, а не како на политичко прашање.

— реклама —

“ВМРО ДПМНЕ како опозиција се обидува од самиот почеток да го политизира, а токму затоа не успеа пописот од 2011 година. Која е целта на евентуален бојкот на кој и повикала опозицијата? Да има помалку Македонци на пописот?“, потенцираше Маричиќ.

Според министерот, нема силни аргументи зошто повторно би се одложил пописот и додаде дека и покрај пандемијата државата докажала дека има капацитет да организира сложени операции со масовно учество на граѓаните.

— реклама —

- Покажавме дека можеме да ги спроведеме парламентарните избори, Владата покажаа дека може да организира вакви масовни операции. Важно ќе биде попишувачите да бидат здрави, да бидат заштитени, а до тогаш ќе видиме до каде ќе биде и вакцината, изјави министерот Маричиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања