Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Маричиќ призна дека знаел за можното бегство на Мијалков пред Спасовски: Било кажано како чаршиски муабет, не чувствувам одговорност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
maricic-2-1

Министерот за правда, Бојан Маричиќ призна дека имал средба со обвинител во петокот, два дена пред да биде распишана потерница по Сашо Мијалков и еден ден пред министерот Оливер Спасовски да биде алармиран дека ексдиректорот на УБК можеби спрема бегство. Маричиќ вели дека информацијата за можно бегство му била претставена како чаршиски муабет и посочил дека треба да се провери. Не го откри обвинителот со кого неформално седел во петокот попладнето. Прашан за одговорност, Маричиќ вели дека не чувствува бидејќи немало што тој да направи.

— реклама —

„Не верувам дека сум првиот човек, но веројатно дека сум првиот член на Владата. Се работи за една неформална средба која ја имав во петокот вечер со еден обвинител, кога ми беше претставено дека постои гласина, дури како чаршиски муабет беше означено, дека е можно такво нешто. Јас како човек кој што води сериозна институција укажав на обвинителот дека треба да се проверат гласините. Бидејќи не ми беше соопштен изворот на информации, тоа беше зачувано како податок кој не ми е достапен ниту пак ми го кажа обвинителот, замолив да се проверат тие наводи. Па, доколку има основа, доколку се потврдат гласините, Обвинителството да ги преземе мерките. Министерството за правда нема под себе ниту Обвинителство, ниту полиција за да направи било што, туку само можам да пренесам информација. Замолив да се проверат гласините и ако се повеќе од тоа, да се преземат мерки. Колку што знам веќе наредното утре, обвинителката Русковска сама се јавила и кажала кај Спасовски и обвинителот и веќе тргнала постапката. Не знам што би можел да направам повеќе во тој момент. Впрочем, бегството се случи во неделата вечер, тогаш имаше доволно време да се преземат мерки. Не чувствувам никаква одговорност“, рече Маричиќ.

Инаку премиерот Зоран Заев го откри министерот Маричиќ дека прв од Владата знаел за можното бегство на Мијалков. Првпат ваква информација беше соопштена во јавност од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во вторникот, на еден час пред Мијалков да се појави. Спасовски рече дека не знаел само тој дека Мијалков спрема бегство, туку дека во петокот обвинителите ја имале информација и ја пренеле и на друг министер.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања