Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Маричиќ: Резултатите од пописот ќе им бидат потребни и на идните Градоначалници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
DSC_3858

Министерот за правда Бојан Маричиќ во гостувањето на „Утрински брифинг“  порача дека резултатите од пописот ќе бидат од суштинско значење да се добијат пред локалите избори, за да можат идните градоначалници да креираат  релевантни и издржани програми и проекти. Дополнително тој апелираше да се намали непотребната тензија во општеството пред статистичката операција и да им се остави на статистичарите да го спроведат пописот, следејќи ги највисоките стандарди. За Маричиќ, одложувањето на пописот како што бара опозицијата, ќе

— реклама —

биде само на штета на државата.

-Тие бараат одлагање за следната година. Минатата година кога разговаравме за пописот бараат тој да се одложи за оваа година и најверојатно тоа ќе им биде барање да одлагаме секоја година. Затоа мислам ако одложиме тоа нема многу да промени, бидејќи сега е вистинскиот момент, сега се вклучува машината во Државниот завод за статика. Мислам дека летоска, летно време, кога луѓето патуваат, одмараат и е жешко. На есен имаме локални избори, а до локалните избори треба да ги имаме резултатите. Градоначалниците треба да си ги планираат и предлагаат политичките врз основа на новите резултати. Треба да ја нормализираме оваа работа. Веќе да станеме нормална држава и се да не се партизира и политизира, кажа Маричиќ.

— реклама —

фото: Министерство за правда

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања