Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Маричиќ: Со заеднички напори можеме да успееме и да добиеме полноправно членство во ЕУ до 2030

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


Скрининг извештајот е мошне важен поради тоа што служи како водич во подготовката на трите патокази за владеење на правото, реформа на јавната администрација и функционирање на демократски институции, како и Акцискиот план за малцинствата, истакна вицепремиерот Бојан Маричиќ, на денешната јавна расправа при комисијата за европски прашања.

— реклама —


— реклама —

Тоа, рече Маричиќ, ни овозможува до крајот на годината, уште за време на шпанското претседателство да го отвориме Кластерот 1, „фундаментални вредности“.


— реклама —

„Европската комисија побара овој документ да ја одразува политичката посветеност и визијата на Владата за спроведување на неопходните реформи во соодветните области, односно поглавјата 23 и 24, односно Судство и фундаментални права, и Правда, слобода и безбедност. За да се обезбеди инклузивност и транспарентност, Секретаријатот за европски прашања иницираше консултации и со граѓанските организации, организиравме состанок на кој тимот на СЕП ги презентираше патоказите и ги покани граѓанските организации да ги достават своите предлози“ рече Маричиќ.

— реклама —

Тој нагласи дека оценската мисија на ЕУ за Судскиот совет дошла навремено, ако се има предвид дека во овој момент е во подготвка патоказот за владеење на правото за севкупно подобро работење на судството. Препораките од Извештајот ќе бидат земени предвид и соодветно адресирани, нагласи вицепремиерот.


Според него, исклучително важно за развојот на Националната стратегија за владеење на правото, е вклучување на сите политички субјекти, политичките партии, пратениците, Владата, како и обвинителите, судиите, членовите на јавните институции, судскиот совет, академијата, невладиниот сектор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања