Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите

Во живо „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Маричиќ-Вархеји: Северна Македонија има место во ЕУ, сега е момент за забрзување на пристапниот процес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во Брисел оствари средба со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, на која теми на разговор беа домашните актуелни политички настани, текот на скрининг процесот и очекувањата пред објавувањето на Извештајот за напредокот за 2023 година.

— реклама —


Маричиќ потенцираше дека за Владата членството во ЕУ останува клучен надворешнополитички приоритет и дека се прават сите напори Северна Македонија да остане во процесот на преговори и да напредува со другите држави од регионот.

— реклама —


— реклама —

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на средбата го најави новиот Извештај за напредокот на Северна Македонија за 2023 година, за кој укажа дека во оваа фаза од процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ ќе ги постави многу повисоко целите, но и насоките во Патоказите за подобрување на резултатите во сите области.


На средбата бил даден осврт и на новиот план на ЕУ за забрзана интеграција на Западен Балкан, со кој соговорниците беа согласни дека е добра и силна порака за регионот дека мора да се подготви побрзо за членство во ЕУ и со конкретни чекори суштински да се придвижува кон целосна интеграција во Унијата.

— реклама —

Плановите на ЕУ и посветеноста на европската перспектива на Западен Балкан според Маричиќ го прави за нас членството во ЕУ на дофатливо и реално и дека треба да го искористиме овој позитивен политички моментум, бидејќи според него ова е шанса која не знаеме кога и дали воопшто ќе ја имаме повторно.


Маричиќ денеска ќе се сретне и со директорот на Генералниот директорат за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија (ГД НЕАР), Герт Јан Копман и со еврокомесарот за буџет и администрација, Јоханес Хан, а ќе земе учество и на дводневниот Форум „Глобална порта“, на кој домаќинка е претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која ќе има и воведно обраќање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања