Промени тема
Контакт

Маричиќ за едно гоштевање платил 17 илјади денари, скоро една плата со која некое семејство живее цел месец, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
hrana1-770x475

Бојан Маричиќ министерот на заевизмот само за едно гоштевање платил 17 илјади денари, народни пари. Тоа е една месечна плата со која преживува едно македонско семејство цел еден месец. Тоа говори за лицемерието и раскалашеноста на власта. Бараат од граѓаните да го стегаат ременот, а тие ги јадат народните пари, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Како што беше информирана јавноста, за една година Маричиќ потрошил над 313 илјади денари за ручеци. Било јадено пастрмки, бифтеци, шницли, јунешки мускул во сос, па се залевало со жестоки појалоци, мастики, узо, сортни вина итн се во реномирани и ексклузивни ресторани.

— реклама —

Кога половина милион луѓе живеат во сиромаштија со 150 денари дневно, гоштевањата на Маричиќ се бесрамни.

— реклама —

Но ова не е се. Маричиќ за една година со народни пари платил, или ако сакате испил, 43 илјади кафиња од кафулето во сопственост на лице блиско на Зоран Заев. Ова е само потврда дека власта на СДСМ троши безмилосно, додека народот гладува и едвај врзува крај со крај.

— реклама —

Премногу е! Ова мора да престане“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања