Промени тема
Контакт

Марија Митева со остра реакција кон Жерновски: „Тужбата е отфрлена, фактите се јасни“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
miteva-pres-3

Портпаролката на Владата, Марија Митева, со остра реакција се огласи во врска со изјавите на Андреј Жерновски и партијата СДСМ, оценувајќи дека станува збор за, како што наведе, „панична и хистерична реакција“.

Митева посочи дека интегритетот на Жерновски во македонската политика, според неа, е компромитиран, алудирајќи на неговите политички трансфери низ годините. Таа обвини дека неговото позиционирање во партиските тела има единствена цел – создавање негативен наратив и фрлање, како што рече, „кал“ врз политичките противници.

Во однос на наводниот „скандал“, Митева истакна дека станува збор за решение донесено пред речиси три месеци, со кое тужбата на Жерновски била отфрлена, а барањето за надомест на штета одбиено како неосновано. „Тоа е правната реалност. Сè друго е свесна манипулација со јавноста“, наведе таа.

— реклама —

Портпаролката нагласи дека, за разлика од СДСМ, никогаш не манипулирала со граѓаните и дека нејзиниот јавен настап се темели на факти и личен интегритет. Според неа, актуелните реакции од опозицијата произлегуваат од страв од одговорност и одговори на, како што посочи, отворени прашања поврзани со криминал и корупција.

— реклама —

Митева упати и прашање за случајот со 40 тони марихуана, барајќи одговори кој сè бил инволвиран и каде води постапката. Таа оцени дека јавноста заслужува факти и отчетност, наместо, како што наведе, политички театар.

Воедно ги отфрли обвинувањата дека некој управува со судовите, тврдејќи дека таквите практики припаѓаат на минатото. „Ќе продолжиме да инсистираме на владеење на правото, институционална одговорност и целосна транспарентност. Граѓаните гледаат кој нуди факти“, порача Митева, додавајќи дека политиката мора да се води со интегритет, а не со конструкции и лаги.

— реклама —
media-libraryl4p8k3jjoc8c9zTZsIY

Жерновски: Портпаролката Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

Денеска сакаме да отвориме една многу битна тема. Вчера се случи нешто што досега не е видено во Македонија, тоа е да претставник на владата и тоа портпарол со скандалозно признание фактички потврди она што СДСМ цело време го кажува тоа дека судската власт во нашата држава е директно под контрола на извршната власт, вели Андреј Жерновски – член на Извршниот одбор на СДСМ„Вчера имавме доказ пред граѓаните јавно на една дебата дека Мицковски го контролира судството.Портпаролката на владата има под

Македонија | пред 6 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Владата донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library752h05roicf34cJytLV

Македонија со една од најниските стапки на инфлација во Европа – економијата покажува знаци на стабилизација и раст, велат од Владата

Македонија | пред 1 седмица

media-library752h05roicf34cJytLV

Владата ги негира обвинувањата на СДСМ за договорот за вода во Гостивар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrjbkvm5o45iq4DtLhYf

Кризна состојба во целата држава: Владата ги мобилизира сите институции за справување со пожарите

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања