Пратениците денеска ја избраа Марина Димовска за генерална секретарка на Собранието на Република Северна Македонија.
Таа работи во Собранието од 2009 година.
Димовска е дипломиран политиколог и магистер на економски науки од областа на меѓународна економија.
За заменик-генерален секретар на Собранието е избран Никола Ѓошевски, кој е дипломиран правник и магистер по корпоративното право.
На денешната седница беа утврдени и оставките на досегашната генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова и нејзиниот заменик Бојан Василевски.
Исто така, беа констатирани и оставките на Бобан Николовски и Синиша Стојановски од функциите пратеник.