Марко Ѓоргиевски, магистер по финансии и банкарство и член на СДСМ е назначен за вршител на дејноста директор во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, дознава „А1он“. Одлуката ја донесоа членовите на Управниот одбор. Ѓоргиевски доаѓа на местото од разрешената директорка, Лидија Димова, која пак е осомничена за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластувања и злоупотреба на европски фондови.
Еден од клучните фактори за изборот на Ѓоргиевски било тоа што тој има искуство во финансискиот сектор, нешто што се покажало како слаба алка кај претходните директори на Националната агенција, велат извори од институцијата за „А1он“.