„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Марш против ракот на дојка - рано откривање клучно, но за снимање се чека со месеци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
rozevo

Секој ден на 3 до 4 жени во земјава им се дијагностицира рак на дојка. Минатата година регистрирани се околу 1200 новозаболени, а близу 500 –тини починале, покажуваат податоците од невладината Борка. Eден од главните проблеми со кој се соочуваат овие жени е тоа што не можат навремено да ги направат прегледите кои се потребни за рано дијагностицирање.  Иако раното откривање е клучно за успешен третман на болеста во некои здравствени установи се чека и по два месеци за снимање на мамограф.

— реклама —

Министерот за здавство Венко Филипче, кој даде поддршка на оваа кампања истакна дека мамографите се целосно сервисирани и се во функција  од средината на минатиот месец .ТОј додаде дека од страна на Министерството за здравство за првпат е спроведена централна набавка на скапа цитостатска терапија.

За да ја зголемат свеста за оваа болест неколку генерации од семејства на болни денеска се собраа на „Школка“, да чекорат заедно со оние се борат со оваа болест.  По 11 ти пат здружението „Борка“  е организатор на розевиот марш за подигање на свеста во борбата против ракот на дојка.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања