Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Марш за правата на жените под слоганот „Ти не си виновна!“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
marsh-960x540-2x

По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, денеска напладне во Скопје под слоганот „Ти не си виновна!“ ќе почне четвртиот марш за правата на жените.

Настанот е во организација на Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права, а оваа година поттикнати од случајот „Јавна Соба“, ќе маршираат гласно и недвосмислено за жртвите на родово базирано насилство.

— реклама —

Маршот, како што наведуваат организаторите, ќе се одвива според однапред определена рута, тргнувајќи од плоштадот „Филип Втори“, преку Камениот Мост, плоштад „Македонија“ до паркот „Жена Борец“, и ќе завршат со перформанс за поддршка на жртвите.

-Оваа година маршираме под слоганот „Ти не си виновна!“, со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост, но свесни за општествените појави и системски недостатоци кои го загрозуваат нашето постоење како слободни, еднакви, достоинствени и безбедни, се наведува во соопштението на Платформата за родова еднаквост. 

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања