Марш за хумано решавање на проблемот со бездомните животни во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
45463599_10156201223553423_5714184125942857728_n

За денес со почеток од 12 часот во Скопје е закажан протестен марш за животните. Преку маршот граѓаните ќе испратат порака за хуманост и против насилство врз животните, како и за трајно и хумано решавање на проблемот со бездомните животни.

— реклама —

Настанот доби поддршка и од многу македонски јавни личности.

— реклама —

Организаторите тврдат дека примената на еутаназија како мерка за надминување на проблемот со прекубројноста на бездомните кучиња во земјава, се покажал како пракса која не вродува со решение и само го продлабочува проблемот.

— реклама —

„Не бараме милост за животните, туку нудиме решение преку примена на одговорни, хумани програми и практики кои ќе го третираат причинителот на проблемот, а тоа е неодговорното чување на милениците, казни за нивно напуштање и неконтролиран расплод“, се наведува во најавата за маршот.

Меѓу јавните личности кои дадоа поддршка за маршот за животните се: Тони Зен, Пеце Суперикс, Јана Бурче, Бернајс Пропаганда, уметницата Жани Гелевска, креаторот на апликацијата „Мој Воздух“, Горјан Јовановски, актерите Јордан Симонов, Весна Бејби Петрушевска, Ајета Реџеповиќ, Ирена Ристиќ, новинарката Ана Јовковска и водителот Марко Новески кои најавија дека ќе се појават на маршот закажан точно напладне.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања