Промени тема
Контакт

Мартин Гоџо е фаќачот на Чесниот крст за големит празник „Богојавление – Водици“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

ОО
Vodici-202520250119016

Во духот на традицијата и верата, Охрид го одбележа големиот и значаен празник за градот, Богојавление – Водици.

По осветувањето на езерските води и положувањето на Светиот крст, најсреќен помеѓу стотината капачи беше Мартин Гоџо кој го фати Светиот крст.

— реклама —

– Оваа година како што доликува ја имавме честа архиепископот г.г. Стефан да ја освети водата и да го положи крстот во Охридското Езеро. Голем број на претставници и државниот врв, претседателката на Македонија се присутни. Во Охрид секоја година е централната манифестација, но годинава по сите параметри беше и најпосетена и како што доликува на Балканскиот Ерусалим. Му посакувам многу здравје, среќа и успех на фаќачот на крстот Мартин кој по вторпат го фаќа крстот. Од Општина Охрид за фаќачот на крстот има икона и рачно изработен филигран традиционално како и секоја година, истакна градоначалникот Кирил Пецаков.

На среќниот фаќач Дебарско – кичевската епархија го дарува со ланче со златен крст, а градоначалникот со рачно изработена икона и филигран во вид на крст.

— реклама —

— реклама —

Прославата на големиот христијански празник Богојавление Водици продолжува на Градскиот плоштад со настап на Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски и групата ДНК, со композиции од музичкиот проект „Македонијо во срце те носиме“ и со групно крштевање на Сараиште.

Рано утринава градоначалникот Кирил Пецаков присуствуваше на осветување на водите од Охридското езеро во Пештани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarytsd3pera9qr97cJLx58

Пецаков: Општинскиот долг го намаливме за над 10 милиони евра, работиме на нови сообраќајни решенија, како и ново училиште

Македонија | пред 10 месеци

Kiril-Prlicev20250228011

𝟣𝟧𝟢 години од раѓањето на Кирил Прличев

ОО | пред 1 година

Nacrt-SOZS-Izvestaj-NSUT-Draft-SEA-Report-NWMS_MK-2

Јавен увид за национална стратегија за управување со тиња и извештај за стратегиска оцена

ОО | пред 1 година

145-36

Дигитализирана „Едицијата охридско книжевно наследство“

ОО | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања