Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Машини ги скараа ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ - едните тврдат дека има афера, другите враќаат дека СДС се фатени со раце во медот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2024-01-15-at-09.33.00

Обвинувањата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат и во предизборниот период. Набавка на машина, ги скара двете партии. СДСМ почна прва, обвинувајќи дека нашини за сигналзиација се купени прескапи. ВМРО-ДПМНЕ им врати дека набавувале исти такви.

„ОЈО да ја истражи аферата на градоначалниците на ДПМНЕ со купувањето поскапи машини

— реклама —

Надлежното јавно обвинителство да ја истражи аферата на градоначалниците на ДПМНЕ со купувањето поскапи машини од реалните цени

— реклама —

Општина Битола и општина Велес, раководени од ДПМНЕ набавиле машина за бележење хоризонтална сигнализација, по астрономски цени, неколку пати повисоки од реалните.

— реклама —

Општина Битола за речиси 50.000 евра набавила машина за бележење хоризонтална сигнализација, а општина Велес купила иста таква машина по цена 40.000 евра повисока од реалната.

Од друга страна општина Илинден набавила таква машина по три пати пониска цена од набавките во Велес и Битола.

Одговорност за оваа шема за испумпување народни пари преку општините водени од ДПМНЕ мора да има“, велат од СДСМ.

Врати ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС брутално лаже за набавката на машините за бележење сообраќајници, одејќи со наратив дека е голема афера, а всушност станува збор за домаќинска набавка.

СДС вели дека таквата машина можела да се набавки за (цитираме) „две до три илјади евра“.

Еве и да речеме дека е така, во прилог е линк на набавка на таква машина која ја направила општината Струмица каде градоначалник е Коста Костадинов од СДС. Таквата машина е набавена за сума од 15 илјади евра, или за 6 пати повисока од таа што тврди СДС дека може да се набави.

Оттука следствено на тоа ќе ги поставиме истите прашања кои ги поставува СДС.

Што и да кажат и лажат од клептоманската СДС, јасно е дека градоначалници на СДС се фатени со рацете во медот.

Наместо да се обидуваат да ја манипулираат јавноста, од СДС да кажат во чии џебови завршиле астрономските разлики“, се вели во реакција од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 7 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 7 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 7 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања