Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Маск го најави отворањето на првиот тунел под Лос Анџелес во декември

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
tunel

Eлон Маск го најави отворањето на првиот тунел под Лос Анџелес за 10 демеври.

Брзиот транзитен тунел кој компанијата Boring Company го копа под Лос Анџелес ќе биде отворен на 10 декември, потврди основачот Илон Маск. Тој преку Твитер го потврди отворањето на тунелот, како и бесплатно возење на јавноста наредната вечер.

— реклама —

Тунелот со должина од 3,2 километри, кој се наоѓа под седиштето на компанијата SpaceX во Калифорнија, е доказ за одличниот концепт за подземен јавен транспортен систем чија цел е да се транспортираат патници и возила под патиштата кои се закрчени од сообраќај, а за тоа ќе се користат електрични платформи наречени „скејтови“. Скејтовите теоретски ќе транспортираат од осум до 16 патници или едно патничко возило преку магнетна шина со брзина до 250 километри на час.

Во август Маск објави фотографија од Model S во истиот Hawthorne тунел, а во јуни компанијата беше избрана да изгради брза транзитна врска меѓу центарот на Чикаго и меѓународниот аеродром Охаре. Boring Company соопшти дека ќе направи друг тунел во Лос Анѓелес. Маск минатата година кажа дека се надева дека ќе ги поврзе Њујорк и Вашингтон со подземен hyperloop и доби одобрение од администрацијата на Доналд Трамп.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања