Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Маскирани лица нападнале гости додека гледале фудбал во кафуле во Хрватска, петмина повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
Knin

Гостите на едно кафуле во општината Бискупија во близина на Книн го гледале фудбалскиот натпревар на „Црвена ѕвезда“ кога група маскирани мажи влегле во кафулето и ги нападнале, пренесува „Далмација данас“.

— реклама —

Дојдоа маскирани, имаа фантомки на главите, шипки, палки, мотики... Ние бевме 6, а тие седум. Тука имаше и луѓе од 70 години и деца. Жените и децата врескаа, не можам да верувам дека некој со шипка може да удри дете од 16 години, раскажал Борир Петко, сопственик на кафуле во Книн.

— реклама —

Уништија дел од инвентарот, а полицијата објави дека привела неколку луѓе.

— реклама —

„Тоа момче од 16 години заврши во болница поради повреда на главата. И мене ме расекоа по ногата. Со некаква даска ме удрија. Добив удар и по глава. Гледавме утакмица, но тоа не е случајно, тоа се беше смислено. Секако дека е поради нашата националност. Тоа е хулиганизам, Во шок сум“, рекол сопственикот на кафулето.

Полицијата го поради овој инцидент.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања